септември 25, 2017

Охрид, 25. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска започна кампањата за локалните избори, а ќе трае до 13-ти октомври на полноќ.

За овие избори во Охрид се поднесени три кандидатски листи за градоначалник и пет за членови на новиот градски совет.

Битката за првата градска фотелја во Охрид ќе се води меѓу кандидатите за градоначалник Јован Стојански од СДСМ, Митко Тилевски од ВМРО ДПМНЕ и независниот Стевче Стевоски.
Тие вчера го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, со кој се обврзаа дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори. Изразија волја да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Шестите локални избори ќе се одржат на 15-ти октомври, а во Охрид ќе се гласа на 88 избирачки места. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука