Струга, 25. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Жени Мироносици“, на улицата „Маршал Тито“ во Струга.
– Кражбата се случила помеѓу 23-ти и 24-ти овој месец, во периодот од 13:00 до 08:00 часот, при што се одземени 1.000 денари. Сторителот ја оштетил и насилно ја отворил металната решетка на прозорецот, влегол во внатрешноста на црквата, каде извршил пребарување, и од дрвена отворена каса поставена на вратата ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец, информираат од МВР.
Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица во Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Во истиот период, но во времето од 21:00 до 05:00 часот, непознат сторител извршил тешка кражбаво во џамијата „Башкими“ во струшкото село Радолишта.
Сторителот насилно го отворил прозорот и влегол внатре, по што од метална каса поставена на ѕидот одзел 6.000 денари и се оддалечил во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на овој сторител. (Крај)
извор: МВР фото: архива