Охрид, 26. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи 29-то издание на Охридските староградски средби.
Уште еднаш во Охрид ќе одекнат песните на старите градски тајфи кои се пееле некогаш, но не изгубиле од својата вредност.
– Ќе настапат вкупно осум староградски ансамли од земјава, ќе гостува октет од Прилеп, „ВИС Орнаменти“ од Штип, пејачката група „Сирма Војвода“ од Битола, „Весела тајфа“ од Богданци, „Распеани Гевгеличани“ од Гевгелија. Од Охрид ќе настапат градскиот хор „Вокс Лихнидос“, КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и оркестарот на фолклорниот ансамбл „Бисери“, информираат од Центарот за култура.
Почетокот е во 20:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива