Економија Избор

Презентација на активностите на Центарот за развој на југозападниот плански регион

Охрид, 26. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за развој на југозападниот плански регион утре во Охрид ќе ги презентира реализираните активности.

Станува збор за резултатите од проектите „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво и „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“.

Покрај тоа ќе биде промовиран и Каталогот на реализирани проекти од 2009 до 2017 година на Центарот за за развој на овој регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука