Охрид, 27. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до сабота Охрид ќе биде домаќин на 6-от Конгрес на дерматовенеролозите на Македонија, со меѓународно учество.
Конгресот ќе се одржува во хотелот „Метропол“. Покрај домашни експерти од оваа област, има учесници од Србија, Хрватска,Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Грција, Италија, Холандија.
Во рамките на научната и социјалната програма се предвидени усни и постер презентации на повеќе теми.
Ќе бидат опфатени козметската и естетската дерматологија, дерматолошка терапија, автоимуни и автоинфламаторни болести , болести на кожните аднекси, алергиски дерматози, како и на слободни теми. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18