септември 27, 2017

Охрид, 27. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Др. Јадранка Бибан, независна кандидатка за градоначалник на Дебрца, ја изненади јавноста со своите плакати, на кои отворено порачува – да не гласаат за неа.

– Немој да гласаш за мене, се пријавив само за да можам да ти кажам нешто важно за твоето здравје и твојот живот, е пораката испишана на нејзините плакати, покрај фотографијата и редниот број.

Др. Бибан е познат гинеколог-акушер и едукатор за лекување на болести со храна и здрави животни навики.

jadrankabiban2Основач е на проектот „8-ка’’ чие мото е „Во потрага по вистината за нашите генерации“. Таа е еден од првите доктори на нашиве простори кои отворено зборуваат за значењето на традиционалната или Хипократ Медицина, во лекувањето на тешките болести, како и за потребата од воведување на исхраната како основна терапевтска метода во лекувањето на хроничните болести.

Нејзиниот несекојдневен плакат успеа да го привлече вниманието на јавноста и таа веќе добива честитки за досетливоста на социјалните мрежи. (Крај)

извор: Фокус фото: Фокус

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука