септември 28, 2017

Охрид, 28. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пред голем број граѓани синоќа беше отворена Канцеларијата за граѓаните на Д-р Митко Тилевски, кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Oстануваме отворени со народот и охриѓани, ние ја имаме одговорноста да ги слушнеме и да најдеме одговор и решенија за нив. Како што го посетуваме секое мало, секоја улица и куќа и им објаснуваме така со оваа Канцеларија секогаш сме на првата линија во комуникацијата со граѓаните. Нашите одлуки се одговор на барањата на граѓаните. Така ќе ги јакнеме и демократските капацитети на Охрид, порачаа од партијата на отворањето.

Канцеларијата ќе работи секој ден во периодот од 10:00 до 21:00 часот. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука