септември 28, 2017

Охрид, 28. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес доаѓа во Охрид, каде ќе оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и преставници на партијата.

Орбан е актуелен премиер на Република Унгарија која е земја членка на Европската унија и НАТО Алијансата. Претходно, висока делегација на партијата на Орбан присуствуваше на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и даде отворена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Неофицијално, Орбан ќе допатува со специјален лет, а по средбата во Охрид, тој ќе отпатува во главниот естонски град Талин, каде на самит на ЕУ истиот ден ќе има вечера со европските лидери, меѓу кои и германската камцеларка Ангела Меркел.

Во Република Македонија синоќа допатува и поранешниот словенечки премиер и лидер на најголемата партија во Словенија (СДП) Јанез Јанша, кој денес заедно со Орбан во Охрид ќе оствари средба со Груевски, каде ќе му биде дадена поддршка во пресрет на изборите. (Крај)

извор: Република фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука