септември 28, 2017

Охрид, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕ) – Студенти од 14 земји во новата студентска година ќе навлезат во тајните на филмската уметност преку образовната програма на Филмскиот институт – Охридска филмска академија.

Само една стипендија од 30 што ги дава факултетот не е доделена. Во Охрид ќе студираат студенти од: САД, Индија, Мексико, Казахстан, Косово, Азербејџан, Пакистан, Индонезија, Палестина, Либан, Бангладеш, Алжир, Египет и од Република Македонија, јави порталот факултети.мк.

Неделава на факултетот се организира ориентациона недела во која на студентите ќе им биде доловена програмата и сè што ќе работат за време на академската 2017/2018 година. Ќе научат и повеќе важни информации за градот Охрид, местото во кое во наредните три години ќе живеат и студираат. Студиската година во ФИОФА ќе почне на 2 октомври. Третата учебна година за оваа филмска година ќе започне за 44 студенти.

На ФИОФА можете да студирате режија, филмско сценарио, креативна продукција, кинематографија или постпродукција на слика и на звук. Дваесет и деветте постдипломци ќе студираат бесплатно, односно си обезбедија школарина во вредност од 9.000 евра.

ФИОФА е најмладата филмска академија во земјава основана во 2015 година. Со истакнат интернационален предзнак, академијата нуди висококвалитетно образование кое идните филмски уметници ќе ги подготви за големи уметнички предизвици. За тоа да се случи, ФИОФА има обезбедено врвни професори кои својот професионален пат го поминувале на славната Академија за филмска уметност во Прага, ФАМУ. Охридската филмска академија е технички врвно опремена институција, со најсовремени камери и други неопходни технологии важни за создавањето филмски дела. (Крај)

извор: факултети.мк фото: факултети.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука