септември 29, 2017

Охрид, 29. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно облачно и свежо, на западот и југот со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура во Охрид Ќе се искачи до 14. степени.

– Во сабота се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво. Потоа ќе биде посончево и малку потопло преку денот, но со пониски утрински температури. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната работна седмица, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука