Охрид, 29. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СДС Охрид ветува, СДС Охрид лаже. Нуди лажна перспектива за младите и божемно привлекување на младите генерации, порачаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Зарем малку Ви беа 8 години што ги протерувавте охриѓани и не ги остадовте да живеат и творат во Охрид? Охрид го претворивте во град на духови. Пред избори како муви без глави одевте низ младите во Охрид ветувајќи им дека по завршувањето на своето образование ќе им понудите три опции, со кои ќе им помогнете во животот, и тоа вработување, практиканство и дообука. Што остваривте од тоа, одважете се еднаш и одговорете? Ништо од ветеното не е остварено. Младите во Охрид видоа дека се жртва на манипулација. За младите се грижиме ние, доказ се дел од бројните проекти и кампањи за поттикнување: измени во наставните содржини за основно и средно образование, воведување комплетно нови наставни програми по предмети поврзани со претприемништвото, бизнисот и иновациите, донесувањето национална стратегија за претприемачко учење, како и донесувањето Закон за иновации чиј составен дел со формирањето на Фондот за иновации и технолошки развој како централна институција за развој и спроведување на националната политика за иновации и технологии. Велите дека парите ќе одат назад кај граѓаните, а само во четири месеци се потрошени 420 милиони евра од кои граѓаните не видоа никаков бенефит. Тоа ли е домаќинско работење, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека младите се свесни, младите ја гледаат манипулацијата на СДС.
– Младите повеќе нема да дозволат да бидат жртва на манипулација. Затоа на 15-ти октомври младите одлучно ќе им кажат НЕ на СДС и нивните погубни политики во Охрид. Тие препознаваат вистинска грижа за нив во ВМРО-ДПМНЕ и заокружувајќи го бројот 13 ја даваат поддршката за Д-р Митко Тилевски и тимот Советници. Победа уште во првиот круг, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива