септември 30, 2017

Охрид, 30. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот „Св. маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“, денеска ќе се служи света архиерејска литургија во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 09:00 часот, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј (едноцрквие).

Вечерва во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник, во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба.

Во 18:30 во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи свечена академија по повод јубилејот 50 години автокефалност на МПЦ-ОА.

Утре пак, во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 09:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ во Охрид (едноцрквие). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука