Охрид, 30. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со свечена академија попладнево во Охрид ќе се одбележи јубилејот јубилејот 50 години автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Академијата ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија“ со почеток во 18:30 часот.
Одуката за прогласување автокефалност на МПЦ Светиот синод ја донесе на третиот црковно-народен собор и свечената седница одржана на 17 јули 1967 година во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на МПЦ беше извршен со Светата архијерејска литургија одржана два дена подоцна во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23