септември 30, 2017

Охрид, 30. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со реализација на проектите од областа на спортот и спортската инфраструктура, ќе придонесеме за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани. Спорт за сите, порача на денешната прес конференција носителот на соевтничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Кирил Пецаков.

Тој најави и конкретни проекти:

Трибина и соблекувални на „Билјанини извори“

Постојната трибина на фудбалскиот стадион со реконструкција ќе прерасне во современа трибина. Во рамките на трибината ќе има четири соблекувални, просторија за Атлетски клуб Охрид, и просторија на Општински фудбалски сојуз Охрид.
Секогаш младите, младите, младите. Младите се движечка сила и промотор на новите вредности на општетството и  градот. Младите се иднината на градот Охрид. Кога станува збор за младите, и понатаму ќе продолжиме да вложуваме значителни ресурси и посветено да работиме врз развивањето и насочувањето на потенцијалот што го имаат младите генерации и кон обезбедување подобри услови за живот и за поддршка на проекти што ќе ги опфатат нивните потреби. Во духот на спортската афирмација на градот ќе се одржува втора година по ред.

Фудбалски камп „Барселона“

Летен камп за деца од 6 до 16 години под спортска палка на врвни фудбалски тренери од Фудбалската школа на ФК Барселона. Веќе четврта година со ред покрај Спортската Академија во Скопје, Охрид ги има спортските паралелки по фудбал, ракомет и кошарка. Ќе продолжи со работа дисперзираната паралелка по фудбал во рамките на ОУТУ „Ванчо Питошески“, со цел учениците во средното образование, преку посебно обликуван образовен процес со акцент на практичниот дел-тренингот да се оспособат да постигнат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да бидат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

– Ќе работиме на создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид, како спортски град. Вие ја препознавате нашата грижа кон Вас. Тоа е наш долг и наша обврска. Затоа велиме 13 за нова ера во Охрид! 13 за „Секогаш работа“, 13 за „Секогаш Охрид“, 13 за „Секогаш Македонија“, додаде Пецаков. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука