Охрид, 30. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот „Св. Маченички Вера, Надеж и Љубов“ во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид се отслужи света архиерејска литургија, а најавена е и вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.
Попладнево од 18:30 часот е предвидена и свечена академија по повод јубилејот 50 години автокефалност на македонската православна црква – Охридска архиепископија.
За утре во „Света Софија“ по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ ќе се одржи света божествена литургија со која ќе чиноначалствува неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. (Крај)
извор: МПЦ ОА фото: архива
Прочитано: 31