Охрид, 1. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишната В.Р.С. и седум години постарата П.Г.Г. двете од Пловдив, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“.
– Пријавените, казнените дела ги сториле, прво на 16-ти август оваа година, во објектот на „Ваикики“ во Охрид кога одзеле паричници од две лица во кои имало пари и лични документи. Притоа, искористувајќи ги документите сопственост на Р.Г. од Охрид, пријавените од банкарската сметка во Тутунска банка Охрид сопственост на Р.Г. повлекле 24.000 денари. Следниот ден, на идентичен начин извршиле тешка кражба во бутик „Look“ лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“, кога одзеле паричник од Л.С. жителка на Охрид, информираат од МВР.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 46.600 денари. (Крај)
извор: МВР фото: архива