октомври 2, 2017

Охрид, 2. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, а на повеќе места повремено ќе биде значително облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 20. степени.

– Следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Услови за слаб локален дожд ќе има во среда, кога ќе дува и умерен северен ветер, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука