Охрид, 2. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 7-ми до 10-ти октомври, во Охрид ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм.
Фестивалот кој се одржува по 13-ти пат е константа во културниот живот на македонскиот главен град и уште девет градови во внатрешноста на земјата.
– Светот, се чини, се врти се` побрзо, напливот на информации едвај ни дава да земеме здив, на денешниот човек со многу контакти и социјални мрежи му останува само уште време за видеа на YouTube. Дали е навистина така? Филмскиот фестивал на Амбасадата докажува дека германскиот филм живее и дека интересот за „големото кино“ не стивнува, истакна Томас Н. Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија.
Во рамките на фестивалот, во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе бидат прикажани филмовите:
– „Чик“ (комедија/драма) на 07.10.2017 година со почеток во 20:00 часот
– „Тони Ердман“ (трагикомедија) на 08.10.2017 година со почеток во 20:00 часот
– „Авантурата на Нели“ (детски филм) на 09.10.2017 година со почеток во 13:00 часот
– „На иста висина“ (филм за деца и младинци) на 10.10.2017 година со почеток во 13:00 часот
– „Херберт“ (драма) на 09.10.2017 година со почеток во 20:00 часот
– „24 недели“ (драма) на 10.10.2017 година со почеток во 20:00 часот
Влезот за сите проекции е бесплатен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива