Охрид, 2. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градски совет утре ќе ја одржи последната седница во својот четиригодишен мандат.
Со дневниот ред од две точки, предвидено е советниците да ја усвојат Предлог одлуката за отпис на основни средства – компјутери, како и Предлог Заклучок за усвојување на информацијата за работата на Советот на општина Охрид во четиригодишниот мандатен период 2013 – 2017 година.
Седницата е закажана за 11:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32