Охрид, 3. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, денес ќе организираат прослава во селото Црвена Вода по повод 74 години од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943 година.
Активностите по повод манифестацијата ќе започнат во 11:00 часот во селото Црвена Вода со положување на свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор и посета на спомен Домот на ГШ на НОВ и ПОМ. Предвидено е одржување и на свечена седница на Советот на општина Дебрца.
Ќе следи и културно-уметничка програма со настап на хорот и рецитал на учениците од ОУ „Дебрца“ од селото Белчишта, како и посета на просториите на Ликовната колонија „Дебрца“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес