Охрид, 3. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во „Тамаро“ маркетот на улицата „АСНОМ“, во населбата Бејбунар, денес се одржа голема детска забава во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, која ја организираат „Витаминка“, „Тамаро“ маркетите и Супер радио.
– Имавме преку 90 дечиња во неколку групи кои се забавуваа во нашата Игротека и го бараа скриеното богатство на „Витаминка“. Посебни гости ни беа најмладите од Градинката „Јасна Ристеска“, а секако тука беа и нашите најмлади редовни посетители, заедно со родителите. Сите заедно да го бараа скриеното богатство во волшебниот свет на „Витаминка“. Имавме многу изненадувања и подароци за сите дечиња, но и смеа и забава со Жанко ЗШ Голабоски, порачуваат од „Тамаро“.
Проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ трае во текот на месеците септември и октомври во Охрид.
Погледнете дел од атмосферата денес во „Тамаро“.
Маја, Ивана и Харитина добија посебни награди од „Витаминка“ и „Тамаро“извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес