октомври 4, 2017

Охрид, 4. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е меѓу градовите каде во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“ и Филозофското друштво на Македонија ќе се одржи Третиот меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“.

Годинешна тема на собирот е „Филозофија на образованието & филозофија во образованието“. На овој настан ќе земат учество истакнати академици, професори и филозофски истражувачи од Франција, Русија, Србија и Македонија.

Дијалогот се одржува во три македонски градови: Скопје, Битола и Охрид. Отворањето е денеска во МАНУ, со почеток во 12:00 часот. Во четврток, на 5-ти октомври дијалогот продолжува во Битола, во просториите на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“ со почеток во 11:00 часот, а ќе заврши во петок во Охрид, во куќата „Уранија“, со почеток на последната сесија во 11:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука