Охрид, 4. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид започнува со работа 17-тиот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија – ДГКМ 2017.
Симпозиумот ќе се одржи во периодот од 4-ти до 7-ми октомври, а ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство.
Се очекува посебен акцент да биде ставен на однесувањето на градежните конструкции при дејство на инцидентни влијанија и природни катастрофи, како: земјотреси, екстремно високи и ниски температури, пожари, ветер, експлозии, поплави, лавини, одрони, лизгање на тлото и слично. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18