Охрид, 4. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишниот Ѓ.Б. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Во тепачка помеѓу пријавениот и 30-годишниот М.Д., која следела по вербална расправија, од здобиените удари М.Д. се здобил со тешка телесна повреда, и поради сериозноста на повредите е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 36