Охрид, 4. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија ќе му помогне на Охрид да ги организира локалните избори со оглед на тоа што општинската сметка е блокирана.
Државната изборна комисија со половина милион евра ќе им помогне во реализирањето на обврските околу организирањето на локалните избори на општините со блокирани сметки.
Охрид, заедно со Струга, Ресен, Тетово, Неготино, Берово и уште десетина други општини е токму на таа листа, македонски општини со блокирана сметка, па за спроведување на локалните избори пари ќе се обезбедат од државниот буџет.
Според информациите од Министерството за финансии, за спроведување на локални избори средствата се обезбедуваат од локалниот буџет, а за изборниот матерјал се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.
Што значи за овие локални избори ДИК ќе ги сервисира и трошоците околу превозот, обезбедување простор за гласање, струја, вода, како и надоместок за избирачките одбори на гласачките места во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива