октомври 4, 2017

Охрид, 4. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викендов продолжуваат активностите предвидени во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, која ја организираат Витаминка, Тамаро маркетите и Супер радио.

– Овој викенд организираме мини турнир во кошарка за нашите ценети купувачи. На големиот паркинг пред „Тамаро“ маркетот кој работи во склоп на фабриката „Братство“ на улицата „7-ми ноември“ оваа сабота со почеток во 12:00 часот ќе се одржи овој настан, за кој веќе имаме пријавени екипи. Ќе се натпреваруваат во кошарка, фрлање на слободни, тројки и слично. Имаме вредни награди за сите учесници и секако за сите наши купувачи. Според врменската прогниза, во сабота не очекува убаво и сончево време, што ќе биде причина повеќе да не посетите, порачуваат од „Тамаро“.

Сите заинтересирани учесници можат се` уште да се пријават преку порака на официјалната страница на Facebook на „Тамаро“. Секоја екипа треба да има по три натпреварувачи.

Проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ трае во текот на месеците септември и октомври во Охрид како продолжение на супер атрактивните проекти кои охридските „Тамаро“ маркети ги спроведуваат периодов наназад со Супер радио, водечката локална радио станица во државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука