Охрид, 5. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сметката за септември за радиодифузна такса ќе биде последна за граѓаните и фирмите, УЈП веќе нема да доставува сметки за оваа давачка.
Согласно Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се укина надоместокот за радиодифузната такса. Граѓаните и фирмите (обврзници за РДТ) ќе треба да ги подмират сите заостанати долгови по Решенија за радиодифузна такса за периодот јанури 2011 година заклучно со септември оваа година.
За сите специфични случаи, а со цел уредно затворање на финансиските картици кои УЈП ги води за граѓаните и фирмите, дополнителни информации ќе бидат објавени на веб страницата на УЈП. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28