Охрид, 5. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Втора недела од кампањата за локалните избори, а сеуште не е залепен ниту еден рекламен постер на тарабите на оградата од ОУ „Григор Прличев“.
Оваа локација беше одредена како единствено место за политички маркетинг за време на изборната кампања. Но, еве на една недела до крајот на лобирањето за локалните избори таму нема залепен ниту еден плакат.
Затоа пак, праксата од минатите изборни циклуси се повторува и сега. Наместо тарабите дрворедите, излозите на објекти кои се издаваат, столбовите на билбордите послужија како изборни рекламни паноа.
А во меѓувреме, тарабите „подготвени“ (повеќе или помалку) ги чекаат првите рекламни постери и пораки до гласачите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 27