Охрид, 6. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати на свеченото отворање на третата Конференција на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа, што ќе се одржи во Охрид.
Годинешната конференција, чиј домаќин е Република Македонија, ќе се одржи на тема „Улогата на човечкиот капитал во иницијативата – Еден појас, еден пат“. Конференцијата е во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во соработка со Економскиот факултет – Скопје и со Економскиот институт. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20