Охрид, 7. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Општинскиот Комитет на ВМРО – Народна партија од Охрид бараат од Владата на Република Македонија да го преиспита работењето на поранешниот пулен на ДПМНЕ и директор на ТИРЗ зоните Виктор Мизо и да направи увид во сите договори кој ги има потпишано тој.
– Мизо како директор на ТИРЗ ја има продадено технолошката линија за производство на трансформатори на бугарски инвеститор, но производствената хала која е специјално направена за таа намена ја изнајмува на друга компанија, во која сега по заслуги истиот е директор. Со овај чин Мизо направи непоправлива штета, па така наместо отпочнување со работа на ЕМО Трансформатори, каде беа планирани над 100 работни места, инвеститорот е принуден, заради неможност да почне со работа, да се иселува и целиот бизнис да го префрли во соседна Бугарија. Намерите на инвеститорот беа заедно со германска фирма гигант во областа на производство на трансформатори да ја рестартираат оваа фабрика и на годишно ниво да се произведуваат 10.000 трансформатори, што секако ќе придонесеше за развојот на Охрид и Македонија. Напорите на актуелната власт да се најде решение останаа без успех заради договорите кој ги има потпишано овај „гробар“ на ЕМО. Господине Мизо, можеби актуелната власт ке ве подзаборави меѓутоа охриѓани, ЕМО, „емовци“, а особено ВМРО-НП од Охрид никогаш нема да заборават и новата ера секако не може да започне со вакви кадри, стои во дописот до медиумите од ОК на ВМРО-НП од Охрид. (Крај)
извор: ВМРО-НП фото: архива