Охрид, 8. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Маж од селото Требеништа се обидел да силува кандидатка за советничка во општина Дебрца, во штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Канал 5 телевизија јави дека 30-годишната К.П. вчера околу 18:00 часот отишла во штабот, бидејќи како член на листата за советници на партијата требало да дежура, и пред објектот се сретнала со лицето Ф.П.М. со кого заедно влегле во објектот.
Таму се задржале 40-тина минути и при излегувањето, сега веќе пријавениот, го изгаснал светлото и со раце ја фатил за половината и почнал да ја турка, додека таа повикувала помош. Според информациите, тој ја соборил на земја, почнал да ја допира по телото и да и ја соблекува облеката, но бидејќи таа давала отпор тој не успеал во својата намера.
Откако се оттргнала од него, напаѓачот почнал да се извинува и барал да му прости, по што заминале.
Од полицијата го потврдија настанот. Велат случајот бил пријавен дека се преземаат мерки за расветлување на случајот. (Крај)
извор: Канал 5 фото: архива