октомври 9, 2017

Охрид, 9. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Теквондистите на охридскиот клуб „ХВА РАНГ ИТФ“ постигнаа огромен успех на Меѓународен турнир во Босна и Херцеговина и дома се вратија со дури 20 медали.

Викендов се одржа  „Добој опен 2017” традиционлано еден од најајките теквондо ИТФ турнири на Балканов, на кој учество зедоа над 300 натпреварувачи од  29 клубови  од 8 земји во регионов.
Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец учествуваше со 18 натпреварувачи, во 2 дисциплини форми и борби и се закитија со 6 златни, 7 сребрени и 7 бронзени медали, со што се покажаа како едни од најдобрите учесници на турнирот.

tekvondodoboj2

tekvondodoboj3
– На овој натпревар како и лани Давид Крстески иако влезе во постара натпреварувачка категорија, но тоа не му сметаше да демонстрира  врвна техника и да стине до првото место во борби во неговата категорија. Исто така не заостанаа и Антонио Јанески и Давид Крстески кои маестрално ги совладаа противниците. Божидар Димитриевиќ  во негов стил остана неприкосновен на врвот, вели тренерот на „ХВА РАНГ ИТФ“  и претседател на Македонската ИТФ, Марјанчо Лазаревски.

tekvondodoboj2017

Тој е и повеќе од задоволен од извонредниот настап на натпреварувачите, кои демонстрирале врвна техника и дисциплина, при што сите тренери биле воодушевени од квалитетот што го демонстрираа, а во некои од нив веќе гледале и идни европски или светски шампиони. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ХВА РАНГ ИТФ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука