Охрид, 9. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, утринава во 09:54 часот регистрира слаб земјотрес со Рихтерова магнитуда 3.4 степени, кој потекнува од охридското епицентрално подрачје.
– Неговиот епицентар беше на 5 километри источно од Охрид. Земјотресот беше почувствуван од населението во Охрид и околоната со интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20