октомври 9, 2017

Охрид, 9. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пожарникарите во земјава како свој ден го слават 20-ти мај, а денес пак се одбележува Светскиот ден за заштита од пожари.

Охридската териоријална притивпожарна единица со оние материјални средства и опрама што ја поседува и со расположливиот кадар, односно пожарникари успева да излезе на крај со сите интервенции, без разлика дали е тоа гасење пожар или технички интервенции, вели заменик командирот на охридската противпожана единица, Горан Маркоски.

– Се справуваме, но сепак имаме потреба од специјална противпожарна опрема со сите стандарди и норми која ќе им гарантира на пожарникаите успешни интервенции и зачувување на нивното здравје и живот. Противпожарните возила во просек се стари и над 35 години. Работиме доста специфична работа во услови на зачаденост, високи температури и на штетни испарувања, како и на височини, а секако тука се и сите други видови на технички интервенции кои ги изведуваме, почнувајќи од носење на вода, помош во случај на сообраќајни несреќи, спасување од висичини и длабочини, па се до лица заглавени во лифт, спасување на домашни миленичиња и разни други инервенции, потенцира Маркоски.

goran_markoski_640x360

Минатата недела тој учествувал на состанок на командирите на противпожарните единици, на кои биле донесени неколку заклучоци, кои се однесуваат на барања за подобро функционирање на противпожарната служба, односно на зголемување на средствата кои се одвојуваат.

–  Моментално 2% од сумата платена за секоја регистрација на возила во конкретниов случај во Охрид, се одвојуваат за нашата противпожарна служба. Мислевме дека овие средства се мали и не се доволни за набавка на опрема, средстава за гасење пожар и возила. Меѓу другото на состанокот беше предложено да има учество од 2 денари до 2022 година во акцизата за секоја продадена кутија цигари на подрачјето кое го покрива противпожарната единица, потоа учество од 1 денар до 2020 година за секој продаден литар гориво и 1% од секој продаден метар кубен дрвна маса, а сето ова се однесува за соодветнот подрачје кое го покрива противпожарната единица. Се донесоа и други заклучоки кои предвидуваат промена на некои законски одредби поврзани во делот на вработувањето во противпожарната единица. Во повеќето единици во земјава се водат судски спорови заради неправилно исплаќање на плата и придонеси од плата, рече Маркоски.
goran_markoski_640x360
Од Дирекцијата за заштита и спасување било побарано при одлучување какво возило на која противпожарна единица да биде доделено,да биде присутен и командирот, со оглед на тоа што секоја единица има своја специфика.

– Еве кај нас на пример во лето имаме уште еден град, ни доаѓаат од 30 – 40 000 туристи, а секако имаме и зголемен обем на сообраќај, па ние мора да сме подготвени. Од резервите на Дирекцијата за заштита и спасување добивме пик – ап возило со дупла кабина и со пумпа со висок притисок, со витло за да може да инервенираме и во летните гужви посебно во стариот дел на градот бидејќи е помалку габаритно возило, а погодно е и за интервенција на планински терен бидејќи има погон на четири тркала, подвлече Маркоски.

Кога сме кај потребите на противпожарната единица, Охрид без специјален пловен објект и опрема за гаснење на пожари од вода. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука