октомври 10, 2017

Охрид, 10. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Одговорните остануваат без одговор за проблемот со кучињата скитници кои натаму продолжуваат да бидат стандарден декор низ центарот на Охрид.

Во битката за храна, изгладнетите бездомни животни не ретко се движат во група. Оваа глетка на некој начин како да ни стана нормална. Кучиња се забележуваат и на градскиот плоштад, низ охридската чаршија и низ улиците. Низ градот се зборува и дека кучињата се „туристи“ кои со камиони се носат од други градови.

kucinja2Охриѓани оправдано се загрижени за својата и безбедноста на своите деца, особено што често пати кучињата се врткаат околу и во училишните дворови. Спасот го гледаат во изградба на стационар за згрижување на кучињата.

Оваа ситуација не е од вчера, се провлекува години наназад. На оваа тема имаме пишувано веќе неколку пати, но штом е повторно актуелна значи никакви мерки сеуште не се преземени. Колку за потсетување годинава дури имаше и жртва од напад на куче.

Ова нека биде уште еден аларм за надлежните или апел до претендентите за носители на градската власт во иднина, проблемот со кучињата скитници нека биде мешу приоритетните во нивните програми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука