октомври 12, 2017

Скопје, 12. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија започна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии за локалните избори кои ќе се одржат во недела.

Согласно изборниот роковник, ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на избирачките одбори.

Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре на полноќ.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29-ти октомври. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука