Охрид/Порто, 13. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид пристигнаа во Португалија каде во рамки на второто квалификациско коло во Купот на ЕХФ ќе одиграат двомеч со тимот на Порто.
Натпреварите ќе се одиграат утре и задутре во ист термин, од 15:00 часот. Судии на двата меча ќе бидат Швајцарците Андре Буаше и Марко Мејер, додека делегатот ќе биде Тиери Боти од Франција.
Виза за овој двомеч „гладијаторите“ обезбедија откако на почетокот на септември дома го совладаа холандски Крас Волендам. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: fb
Прочитано: 22