Охрид, 14. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Двајца нуркачи Никола Паскали и Даниел Атанасовски успешно го изведоа првото нуркање во водите на Охридското Езеро со помош на подводни скутери.
Тие нуркаа во близина на охридското крајбрежје и велат дека претходно никој не користел вакви подводни скутери за нуркање во Охридското Езеро.
– Ова за прв пат ние го направивме. Предноста е голема. Со овие скутери може да се помине големо растојание без да се троши силата на нуркачот, а се достигнуваат и големи длабочини. Во текот на денот ние поминавме голем дел од крајбрежјето што може да се оствари само со помош на вакви подводни скутери, вели младиот охридски нуркач Никола Паскали.
Подводните скутери во светот како сила за движење користат мали, но силни електромотори или компримиран воздух кој ја движи перката на скутерот. (Крај)
извор: СДК фото: архива