Спорт

Австралија опен го зголеми наградниот фонд

Мелбурн, 14. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Челниците на првиот тениски Грен слем турнир, Австралија опен ќе го зголемат наградниот фонд за 10%. Досега тој изнесуваше 50 милиони австралиски долари, а сега ќе порасне до 55 милиони.

Победниците на турнирот во машка и женска конкуренција ќе добијат по четири милиони австралиски долари. УС опен со награден фонд од 50,4 милиони американски долари е турнир со најголем награден фонд.

Австралија опен сега е на второто место пред Вимблдон,неофицијалното првенство на светот на трева со буџет од 41,7 милион американски долари падна на третото место, а Ролан Гарос има награден фонд од 36 милиони евра. (Крај)

извор:Гол.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави