октомври 15, 2017

Охрид, 15. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Изборниот процес на денешните Локални избори во општините Охрид, Струга и Дебрца се одвива непречено и во демократска атмосфера, на сите гласачки места.

Претседателот на ОИК на Охрид Димитрија Вревезоски потврди дека сите 89 гласачки места се отворени во предвидениот рок и оти засега нема никакви проблеми во гласањето.

Во Општина Охрид 52.858 граѓани со право на глас ќе треба да изберат градоначалник од тројца кандидати, како и советници од пет понудени листи.

Изборниот процес се одвива непречено и во Општина Дебрца. Според Сашо Силјаноски, заменик-претседател на ОИК, сите 28 гласачки места се отворени во законски утврдениот рок, процесот на гласање се одвива непречено.

Во Дебрца се регистрирани 4.625 лица со право на глас кои ќе избираат градоаначалник од тројца кандидати и идни членови на советот понудени во три советнички листи. Инаку, граѓаните на Дебрца денеска ќе се изјаснат и на референдум на кој ќе го кажат својот став по однос планот за изградба на регионална депонија за третман на цврст отпад во атарот на селото Годивје.

Изборниот процес и во Општина Струга започна навремено без какви било регуларности. Бледар Зиба, претседателот на ОИК истакна дека сите 101 гласачко место се отворени за гласање, а на изборите ќе можат да се изјаснат 60.530 граѓани кои ќе се решат за еден од седумте кандидати за градоначалник на општината, како и да избираат меѓу шесте кандидатски листи за членови на идниот состав на советот на општината. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука