октомври 15, 2017

Охрид, 15. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани одлучуваат кој ќе биде нивниот градски татко во следните четири години.

– На избирачките места во Општина Охрид, од вкупно запишаните 52.858 граѓани, своето гласачко право до 17:00 часот го искористиле 27.937 избирачи, односно 52,9%, информира претседателот на Општинската изборна комисија, Димитрија Вревезовски.

До Општинската изборна комисија засега немало пристигнато информации за некои посериозни нарушувања на изборниот процес. Има некои ситни вообичаени работи на изборните места,ги решаваме во консултации со избирачките одбори. Инциденти не се забележани,рече Вревезоски.

Процентот на излезност споредено со други изборни циклуси е во истите рамки.

Во Охрид се гласа на 88 избирачки места, а граѓаните прават избор меѓу тројца кандидати за градоначалник и пет советнички листи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука