Охрид, 16. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – По обработката на податоците од сите избирачки места во Охрид, Државната изборна комисија на својата веб страница објави дека на шестите локлани избори своето право на глас го искористиле 33.774 избирачи, односно 63.93% од запишаните во избирачкиот список.
Од нив за кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски, гласале 18.262, или 54,07%, за кандидатот од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Митко Тилевски 13.560, или 40,15%, а независниот кандидат Стевче Стевоски освоил 679 гласови, односно 2,01% од гласовите на охриѓани. (Крај)
извор: ДИК фото: архива
Прочитано: 20