Охрид, 17. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), го поздравува изборниот триумф на коалицијата „Живот во Македонија“.
Од партијата упатија отворена честитка до сите граѓанки и граѓани во земјата, кои ја покажаа својата демократска зрелост.
– Заслугата за тешкиот пораз забележа ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, пред се, им припага на гласачите, кои одбраа светлина наместо мрак, како и на членството и симпатизерите од широката коалиција „Живот во Македонија”, составена од повеќе од 20 политички субјекти и предводена од СДСМ, односно нејзиниот лидер Зоран Заев. ПОПГМ ја користи приликава, да упати благодарност до своето членство и симпатизерите, кои несебично се вложија во победата, поаѓајќи не од тесните, туку од пошироките народни интереси за промена на злото и за просперитет на сите, стои во дописот од партијата.
Како дел од заедничката коалиција, ПОПГМ даде скромен, но значаен придонес во победата во педесетина општини и во враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски во неговата реална мера – трета партија по успех, зад СДСМ и ДУИ, со освоени градоначалници во едноцифрен број и со победа во Сопиште, Петровец, Илинден, Зрновци, Чешиново-Облешево и Пробиштип. (Крај)
извор: ПОПГМ фото: архива