Струга, 17. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во струшко Ново Село, вчера, околу 11 часот, во куќа сопственост на 32 годишниот Г.И, од засега непознати причини настанал пожар, а во куќата била неговата три годишната ќерка, која се здобила со изгореници.
Девојчето во тешка здравствена состојба било пренесено во Медицинскиот центар во Струга, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирано во болница во Скопје. Пред Кичево состојбата му се влошила, по што девојчето било пренесено во Медицинскиот центар во Кичево, каде во 14.20 часот починало.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со Јавен обвинител телото на починатото девојче е предадено на семејството за погреб. (Крај)
извор: МВР фото: архива