октомври 18, 2017

Охрид, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кон крајот на минатиот месец во Лесковац, Србија се одржа годинешниот, втор по ред Меѓународен филмски школски фестивал – КРЕФ.kref2kref3

Македонските претставници постигнаа забележителен успех на фестивалот кој се одржува во шест категории, а учествуваа и училишта и детски градинки од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

kref1 kref4– Охридските претставници освоија три награди и тоа за проектот „Ноќ со Андерсен“, на ОУ „Кочо Рацин“ – второ место за координаторот Виолета Петковска, трето место за ОУ „Братство“ и координаторот Јулијана Алексиоска во категоријата Минекрафт. Детскиот филм на Мартин и Илија Петковски за Детски креативен центар доби специјално признание. Сакаме да испратиме и голема благодарност до наставничките Јагода Николоска, Николина Спасеска од ОУ „Григор Прличев“ и соработникот Валентин Ристески, информриаат учесниците од Охрид.

За авторите на најдобрите филмови организаторите обезбедија вредни награди. (КраЈ)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука