Скопје, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ВМРО-ДПМНЕ денес ја одржа првата прес конференција по изборите, на која зборуваа за катната гаража во Охрид.
Тие го обвинија СДСМ дека со стопирањето на тендерот за изградба на катна гаража во градот, покажале дека делуваат спротивно на интересите на граѓаните. На прес-конференцијата зборуваше Бојан Стојановски кој одби да одговори на новинарските прашања кои не беа поврзани со темата.
– Владата на СДС го поништи тендерот за изградба на катна гаража во центарот на Охрид, проект со кој требаше да се реши проблемот со паркинг места во Охрид и значително да се растерети сообраќајниот метеж. Со стопирањето на овој проект СДС свесно дозволува да продолжи сообраќајниот хаос во најголемиот туристички центар во земјава. Возачите ќе бидат приморани да ги паркираат автомобилите по улиците и тротоарите, а со тоа да се ставаат во потенцијална опасност и животот на пешаците, рече Стојановски.
Наместо да го направат Охрид пријатно место за охриѓани и за туристите, додаде тој, СДС уште од првиот ден по локалните избори почна да се занимава со уништувањето на градот како во времето на Александар Петрески. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива