октомври 18, 2017

Охрид, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота и недела, 21-ви и 22-ри октомври, на градскиот плоштад во Охрид ќе се организира акција за вдомување на малечки кученца.

– Кученцата ќе се собрани од неколку локации во Охрид.Тие претходно ќе бидат прочистени и искапени. Со цел да не влезат во онаа голема бројка на бездомни кучиња кои во моментов ги имаме во градов ќе пробаме да ги вдомиме на овој начин со тоа и вие ќе имате можност да го видите кученцето во живо и да дознаете што ве интересира околу него, велат организаторите, неколку активисти и љубители на животни, а на иницијатива на младиот волонтер Анастазија Димзовска.

Донациите собрани од настанот ќе бидат наменети за храна,апчиња и ампули за бездомните животни за грижа во ладните денови што претстојат.

Почетокот на акцијата е во 12:00 часот.

Инаку, ваква акција во Охрид беше спроведена и минатиот месец кога беа вдомени неколку кученца.  (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука