Охрид, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во сабота, на 21-ви октомври, ќе се осветува црквата „Воскресение Лазарево“ на Градските гробишта во Охрид.
По осветувањето кое ќе започне во 08:30 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26