октомври 19, 2017

Охрид, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општинската изборна комисија Охрид излезе со конечните официјални резултати и потврди дека на локалните избори 2017 година за градоначалник на Општина Охрид е избран Јован Стојаноски од СДСМ и коалицијата. 

– За членови на новиот градски совет се избрани: Константин Георгиевски, Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, Бесим Демиров, Џенгис Реџеп, Марија Попоска, Филип Јованоски, Рената Арнаудова, Ристо Булоски, Кирил Пецаков, Гордана Коњаноска, Снежана Стефаноска, Илија Арнаудовски, Гоце Георгиевски, Лидија Петкоска, Александар Попоски, Славица Петровска, Џанер Исмаил, Дејан Шикоски, Нефи Усеини и Џемал Мена, информира на денешната прес конференција претседателот Димитрија Вревезоски, кој на градоначалникот и новите советници им посака успешна работа во наредните четири години.

vrevezoski1

До Општинската изборна комисија не пристигнал ниту еден приговор за изборниот процес или резултатите, што е доказ дека изборите биле фер и демократски и

Вревезоски истакна дека согласно Законот за локална самоуправа, примопредавањето на функцијата градоначалник треба да се изврши во рок од 7 дена од објавувањето на конечните официјални резултати.

Што се однесува до почетокот со работа на градските советници, во рок од 20 дена претседателот на советот од претходниот состав треба да свика конститутивна седница.

Доколку во овој рок не се закаже седница, најстариот советник од новоизбраните ќе има рок од 10 дена да свика седница. Доколку и тогаш не се одржи конститутивна седница, ќе се оди на нови избори за членови на Совет на општината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука