октомври 20, 2017

Охрид, 20. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во „Тамаро“ маркетот на улицата „АСНОМ“, во населбата Бејбунар, денес се одржа голема детска забава во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, која ја организираат „Витаминка“, „Тамаро“ маркетите и Супер радио.

– Имавме преку 20 дечиња во неколку групи кои се забавуваа во нашата Игротека и го бараа скриеното богатство на „Витаминка“ во волшебниот свет на „Тамаро“. Имавме многу изненадувања и подароци за сите дечиња, но и смеа и забава со Жанко ЗШ Голабоски, порачуваат од „Тамаро“.

Проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ трае во текот на месеците септември и октомври во Охрид.

Погледнете дел од атмосферата денес во „Тамаро“.

igrotekatamaro2 igrotekatamaro3 igrotekatamaro4 igrotekatamaro5 igrotekatamaro6извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука